Том Хенкс номиниран за три награди „Златна малина“ за најлоши филмски остварувања

од Stefanija Kuzmanovska
143 прегледи

Том Хенкс, во најмала рака, остана изненаден во понеделникот кога дозна дека заработил три номинации за наградата Златна малина, наградата што се доделува за најлоши филмски остварувања.

Тој беше номиниран за Златна малина за две улоги: за улогата на менаџерот на Присли во биографскиот филм „Елвис“ и за улогата на Џепето во римејкот на Дизни на Пинокио.

Во соопштението за медиумите на организаторите на наградите „Златна малина“ се наведува дека улогата на Хенкс во филмот „Елвис“ е „најисмеаната изведба во 2022 година“.

Дополнително беше номиниран во категоријата „најлош филмски пар“, поточно „Том Хенкс и неговото лице полно со латекс“.

И додека Елвис и неговата ѕвезда Остин Батлер беа пофалени од критичарите, портретот на Хенкс на неговиот менаџер, полковникот Том Паркер, беше силно критикуван од многумина.

Слични содржини