Том Хенкс упадна на свадба на две жени ФОТО

од Vladimir Zorba
512 прегледи

Познатиот оскаровец уште еднаш успеа да ја изненади јавноста и обожавателите, откако непоканет се појави на венчавката на истополови парови во Санта Моника.

Холивудската ѕвезда Том Хенкс има необична навика да упаѓа во свадбите на „обичните“ луѓе. Во 2016 година непланирано присуствуваше на свадбената церемонија на непознат пар во њујоршкиот Централ парк, а пет години подоцна повторно го направи истото.

Во текот на викендот, Том Хенкс остана во Санта Моника каде од безбедно растојание ја следеше свадбената церемонија што се одржува на плажа. Трогнат од она што го виде, Хенкс реши да им се придружи на гостите по размената на брачните завети на двете жени.

За појавувањето на Хенкс на венчавката со нејзината партнерка Дициембре, Таниша Фарис зборуваше во емисијата „Today show“. Вели дека биле целосно шокирани кога го виделе Хенкс и дека некое време се обидувале да сфатат што всушност се случило.

„Неговото пристигнување беше шеќер на крајот од нашиот посебен ден“, рече таа.

Слични содржини