Том Хенкс за Кодот на Да Винчи: „Тој филм е измама“

од Stefanija Kuzmanovska
496 прегледи

Том Хенкс даде големо интервју за странски медиуми во кое се осврна и на мегапопуларната трилогија за Роберт Ленгдон. Филмовите „Кодот на Да Винчи“, „Ангели и демони“ и „Пеколот“ ги режираше Рон Хауард врз основа на книгите на Ден Браун, а Хенкс го игра главниот лик во сите три филма.

Иако ја играше најважната улога во трилогијата, славниот актер немаше ништо убаво да каже за овие филмови:

„Кодот на Да Винчи е измама. Целата трилогија е измама. Овој забавен лов на богатство ја покажува историјата точно како што филмовите за Џејмс Бонд ја покажуваат точно шпионажа“, рекол Хенкс за адаптацијата.

 

Слични содржини