Еден од најпопуларните млади парови, Зендаја и Том Холанд секако се меѓу најстабилните парови во Холивуд.
Гласините за нивната романса започнаа уште во 2016 година, кога и Зендаја и Том ги добија главните улоги во новата адаптација на „Спајдермен“, но парот беше уловен заедно дури во 2021 година, кога ја признаа својата врска.
Оттогаш, нивната врска не престанува да ги воодушевува нивните обожаватели, а слатките изливи на наклонетост во јавноста и на социјалните мрежи јасно ја покажуваат нивната љубов.
Том извесно време се одмори од социјалните мрежи, но се врати во голем стил и ја покажува љубовта која никогаш не згаснува. Зендаја ги изненади сите со своето појавување на Coachella каде изведе неколку песни.
Утрото потоа, корисниците на Твитер не пропуштија дека на Холанд ги лајкувал сите фотографии од фан профилот на Зендаја со слики од настапот, а следуваа и голем број позитивни коментари за парот.
Tom Holland being back online his IG explore must be all zendaya pictures and video he liking all video of zendaya performance at Coachella 😭 he is real and supportive 🥲 pic.twitter.com/V2l1PjqP3K
— Jojo The Crowded Room&Challengers (@jojodaya) April 23, 2023