Том Круз ја освои антинаградата „Златна малинка“во категоријата „Најлош актер“ за улогата во филмот „Мумија“, пренесоа светските агенции.
„Емоџи филмот“ победи во категориите за „Најлош филм“ и „Најлошо сценарио“, а неговиот творец Ентони Леонидис освои и антинаградата за најлоша режија. Тејлор Пери стана „Најлоша актерка“ за „Tyler Perry’s Boo 2! A Madea Halloween, 2017“.
Кино легендите Мел Гибсон и Ким Бесинџер беа прогласени за најлоши актери во споредна улога за учество соодветно во филмовите „Daddy’s Home 2 “ и „Fifty Shades Darker“. Последниот филм исто така беше награден и за најлошо продолжение.
Победниците на „Златната малинка“ се прогласуваат традиционално ден пред церемонијата на доделувањето на „Оскарите“.
Антинаградите се создадени во 1980 година а најлошите филмови се избрани од околу 700 лица од 46 американски држави и 19 земји кои членуваат во истоимената фондација.
Статуата е пластична малина, покриена со златна боја, вредна околу 5 долари.