Том Круз е еден од најплатените актери во Холивуд, а неодамна беше откриено дека во своите филмски договори има необична клаузула.
Според американските медиуми, Том во својот договор има клаузула која гласи: „Ликот на актерот не може да се користи за да се создаде никаков производ или роба“.
Многумина беа изненадени од оваа вест со оглед на тоа дека актерот можел дополнително да профитира од производите со неговиот лик. Имено, неодамнешниот филм на Том „Top Gun: Maverick“ наводно соборил многу рекорди оваа година со проценети 1,4 милијарди долари.
По успехот на филмот, се очекувало дека ќе бидат достапни разни производи со неговиот лик, но поради неговата необична клаузула тешко ќе се дојде до се што е со ликот на актерот.
Tom Cruise has a little-known clause in his movie contracts… and fans love it https://t.co/AHXXiX6miq
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) October 14, 2023
Претходно, Том негирал дека неговата слика била користена за игрите „Mission: Impossible III“ и „War of the Worlds“ за „Плејстејшн“.
Откако дознаа за оваа клаузула, фановите имаа различни реакции. Повеќето сметаат дека тој всушност бил чекор пред своето време, земајќи ги предвид можностите што ги носи вештачката интелигенција денес и дека сличностите на познатите личности се користат за разни монтажи, лажни реклами итн.
Една од ставките на кои писателите и актерите протестираа за време на неодамнешниот штрајк во Холивуд беше употребата на вештачка интелигенција.
„Морам да го пофалам Том Круз што целосно одби да се откаже од својот лик, тој беше многу понапред пред вештачката интелигенција“, гласи еден коментар.
„Кажете што сакате за него, но тој се однесува како бренд, нема да дозволи неговото име да се купува, продава и реплицира“, напишал друг корисник на Твитер.
Том не е единствениот актер кој има ваква клаузула во неговите филмски договори, други познати личности како Двејн Џонсон и Ума Турман исто така додале клаузули во нивните договори пред да потпишат било кој филм.