Том Круз му помогна на фудбалски клуб кој остана без терен поради снимањето на „Невозможна мисија 7“

од Vladimir Zorba
334 прегледи

Луѓето од аматерскиот фудбалски клуб Вобурн и Вавендон најпрво се разочараа кога им беше соопштено дека мора да го напуштат теренот на кој играат поради филмската екипа што го снима филмот „Невозможна мисија 7“. Сепак, расположението се смени кога Том Круз се потпиша на нивните дресови.

Според Би-Би-Си, потпишаните дресови сега ќе бидат дел од аукција за собирање средства за овој фудбалски клуб. Собраните пари ќе бидат наменети за социјалните активности на клубот.

Претседателот на Вобурн и Ваведон, Роберт Хил, рече дека се фрустрирани што не можат да ги користат нивите терени заради снимањето, бидејќи, според него, со нетрпение чекаат да се вратат на фудбалот откако ќе се олабават епидемиолошките мерки. Сепак, додава тој, веднаш следела покана од филмската екипа, која понуди да им помогне на кој било начин.

Член на управниот одбор на клубот изјави дека биле пријатно изненадени кога Том Круз се согласил да ги потпише дресовите, бидејќи на клубот му биле потребни пари, откако изгубиле околу 30.000 фунти поради откажување на неколку турнири поради пандемијата.

Круз дошол во ова британско село со хеликоптер.

Слични содржини