Извори блиски до холивудскиот актер Том Круз открија дека тој никогаш не се двоумел да плаќа алиментација и надоместоци за својата ќерка, а сега 18-годишната Сури од него наследила огромна сума на пари.
Според документите за развод на Том Круз и Кејти Холмс, славниот актер ѝ ветил на својата ќерка Сури дека ќе ѝ обезбеди посебен фонд кога ќе биде полнолетна. Сури наполни 18 години во април оваа година, што значи дека сега го поседува тоа богатство.
Иако Том Круз не билактивно присутен во нејзиниот живот, тој со години инвестирал во нејзината фондација. Извор близок до семејството забележува дека фондот била спроведен така што Сури нема да ги добие сите пари одеднаш, што би требало да значи дека младата наследничка нема да биде преоптоварена со голема сума.
По нивното разделување во 2012 година, Том Круз се согласил да ѝ плаќа на Кејти Холмс 400.000 долари годишно како издршка, што е околу 33.000 долари месечно, додека Сури не наполни 18 години.
Покрај тоа, Круз ја презел одговорноста за сите медицински трошоци на Сури, како и трошоците за образование и воншколски активности.
Иако финансиски учествува во нејзиното воспитување, 62-годишниот актер одлучил да не ја гледа својата ќерка во последните 11 години, бидејќи неговата верба во скиентологијата имала предност во неговиот живот.
Сепак, милионите на Круз на нејзината сметка најверојатно нема да влијаат на нивната врска бидејќи Сури го смени презимето набргу откако наполни 18 години. Одлучувајќи да се ослободи од презимето Круз, Сури го зеде средното име на нејзината мајка и сега се вика Сури Ноел.