Том Круз: Плачев додека ги снимав сцените со Вал Килмер во продолжението на „Топ Ган“

од Stefanija Kuzmanovska
221 прегледи

Филмот „Top Gun: Maverick“ продолжува да освојува престижни награди, а на светските благајни заработи повеќе од милијарда долари.

Ѕвездата на таа продукција, Том Круз, неодамна за прв пат проговори за новата средба со својот колега Вал Килмер, со кој работеше и на оригиналната продукција пред повеќе од триесет години.

„Беше многу емотивно. Го познавам Вал со децении“, рече Круз во емисијата Jimmy Kimmel Live.

„Тој е толку моќен актер и во еден миг повторно стана тој лик… Го гледате Ајсмен“, додаде тој.

Запрашан дали плачел додека ја снимал сцената со него, Круз призна дека плачел.

„Плачев, бев емотивен. Тој е толку брилијантен актер и ја сакам неговата работа“, рече тој.

На Килмер му беше дијагностициран рак на грлото во 2015 година и оттогаш јавноста ретко го гледа на големото платно. Иако успеа да се врати на улогата во „Топ Ган“, за време на снимањето се соочувал со бројни проблеми.

Слични содржини