Том Круз после долго време снимен со својот син кој ретко се појавува во јавноста

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Актерот Том Круз после долго време беше фотографиран со синот Конор Круз (28), кого го посвои додека беше во брак со Никол Кидман.

Таткото и синот се појавиле на аеродромот во Лондон, каде што пристигнале со приватен хеликоптер. Том ја презеде контролата над хеликоптерот, а неговиот син седеше зад него.

Актерот не ја симнуваше насмевката од лицето, додека Конор не беше толку расположен кога ги виде папараците.

Двајцата последен пат беа видени заедно минатата година во Њујорк, каде што одржаа промотивен настан за филмот на Том, Mission: Impossible – Dead Reckoning. Со нив беше и сестрата на Том, Ли Мапотер.

Конор има добри односи со својот татко. Извесен период тргна по неговите стапки и се појави во Seven Pounds во 2008 година, а потоа во 2012 година во Red Dawn. Последниве години ретко се појавува во јавноста.

Инаку, Том посвои две деца со Никол Кидман – ќерката Изабела и синот Конор. По нивниот развод во 2001 година, децата решиле да живеат со својот татко и како него се членови на Скиентолошката црква, додека Кидман ја напуштила црквата во 90-тите.

На крајот, Изабела откри дека повеќе не била во контакт со родителите, а Круз и Кидман не биле ни на нејзината свадба.

По разводот со Никол, Том се ожени со Кејти Холмс и ја добија ќерката Сури, која сега има 18 години. Актерот нема контакт со својата ќерка по разводот со Кејти.

Слични содржини