Во понеделникот во Абу Даби се одржа премиерата на најновото продолжение на филмот „Невозможна мисија“, а филмската екипа повторно се собра за да прослави по тој повод. На црвениот тепих пристигна и Том Круз како најголема ѕвезда на филмскиот спектакл за кој се предвидува голем успех, а многумина го нарекуваат најинтересното продолжение досега.
И покрај тоа што пристигна да ја краси премиерата, Круз покажа и блискост со својата колешка Хејли Атвел на црвениот тепих.
За колегите од филмското платно се шушкаше дека имаат врска подлабока отколку пријателска и колегијална, но и двајцата ги демантираат гласините со образложение дека тоа е само пријателска врска. Иако двајцата никогаш експлицитно не ја потврдија својата романса, се вели дека биле неразделни за време на снимањето и дека одлично се сложувале.
Сепак, на црвениот тепих, Круз одвоил неколку моменти да ја поздрави својата драга колешка со бакнеж и прегратка, а потоа заедно се смееле. Специјалниот и интимен поздрав многумина ги натера да размислуваат дали Круз можеби сепак е заинтересиран за, барем засега, зафатената колешка.
Имено, Атвел е верена со Нед Волфганг Кели.