Томас Бах: Говорот на омраза кон боксерката Келиф е неприфатлив!

од Илинка Илиоска
62 прегледи

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, денеска изјави дека говорот на омраза упатен кон боксерките Имане Келиф од Алжир и Лин Џу Тинг од Тајван е целосно неприфатлив.

„Нема да учествуваме во политички мотивирана… културна војна“, им рече Бах на новинарите во Париз.

Во последните денови една од главните теми на Олимписките игри се Келиф и Лин и се дискутира за нивниот пол.

Боксерката што плачејќи, по 46 секунди ја напушти борбата против Келиф ќе добие парична награда од 50.000 долари, а Србија ќе и даде златен медал

Слични содржини