Томи Хилфигер со колекција за деца со посебни потреби

од Vladimir Zorba
61 прегледи

Американскиот производител и моден дизајнер Tommy Hilfiger пушти линија облека наменети за деца со посебни потреби, во партнерство со здружението “Ранавеј оф дримс”, пренесе Франс прес.d10b8ada416e0fcbddbf6b15c1e58d8a

Облеката е опремена со копчиња со магнети.

Колекцијата вклучува 22 модели детски облека, дизајнирани така што се исти како оние во постоечка линија “Tommy Hilfiger Kids”.

И цената им е иста, се вели во соопштението на Tommy Hilfiger.

Создадени се панталони и кошули кои децата можат да  ги закопчуваат со помош на систем од магнети, замена за традиционалните копчиња. Манжетните сепак се зашиени врз панталони и кошули, за да им го дадат вообичаениот нивен изглед. Системот со магнети е прилагоден исто за фустани и маици.

Новата линија на облека е создадена во соработка со здружението “Ранавеј оф дримс”, основана од Минди Шире, која е мајка на три деца и не можела да најде облека за нејзиниот син, погоден од мускулна дистрофија.