Тристан Томпсон можеби нема да го привлече вниманието на натпреварите со Сакраменто Кингс, но без сомнение си го наоѓа своето место на насловните страници на западните трач портали. НБА центарот успеа од ништо да направи хаос.
Тој јавно се извини на ријалити ѕвездата Клои Кардашијан откако доби тест кој потврдува дека е таткото на детето на извесна Марали Николс.
„Денес резултатот од татковството откри дека сум татко на детето Марали Николс. Ја преземам целосната одговорност за моите постапки. Сега кога е воспоставено татковството, со нетрпение го очекувам пријателското воспитување на нашиот син. Искрено им се извинувам на сите што ги повредив или разочарав за време на ова искушение, јавно или приватно“, напиша Томпсон.
„Клои, не го заслужуваш ова. Ти не ја заслужуваш болката и понижувањето што ти ги нанесов. Не заслужуваш како се однесувам со тебе со години. Моите постапки не беа во склад со начинот на кој те гледам. Имам само почит и љубов кон тебе. Без разлика на тоа што мислиш сега. Повторно, неверојатно ми е жал“, напишав НБА кошаркарот.
Николс поднела тужба тврдејќи дека Томпсон е таткото, а судските документи велат дека имале сексуален однос на прославата на неговиот роденден во март 2021 година.
Многумина сметаат дека неговото обраќање до јавноста е лажно. Впрочем, Клои и порано ја изневерувал, а таа му простила. Двајцата имаат тригодишна ќерка.