Тонат акциите на Јувентус и Манчестер Јунајтед

од Nikola Popovski

Основањето на Суперлигата, кое го тресе фудбалот, немаше особено влијание врз берзите, се разбира, но сепак е интересно да се погледне движењето на вредноста на акциите на Јувентус и Манчестер Јунајтед.

Јувентус во понеделникот порасна за 18 проценти, а Манчестер за 11 проценти, но вторникот следеше отрезнување. Двата клуба се меѓу дванаесетте жигосани кои одлучија да и свртат грб на УЕФА и да воспостават елитна затворена лига под покровителство на „ЏејПи Морган“.

Инвеститорите на почетокот беа очигледно малку наивни да веруваат дека сè ќе оди лесно. Пазарната капитализација на двата клуба се зголеми за над 500 милиони долари во понеделникот.

По многу негодувања во јавноста, особено во Англија, овој проект најверојатно нема да заживее (првите клубови веќе најавија дека се предомислиле), акциите на Јувентус паднаа за четири проценти во вторникот, а на Манчестер за шест проценти.

Слични содржини