Тони Брекстон тврди дека својот младешки изглед го должи на вибраторот

од Vladimir Zorba

Пејачката Тони Бракстон тврди дека тајната на нејзиниот младешки изглед е вибраторот.

Имено, во видеото кое го објави на Инстаграм, Тони покажа дека го масира лицето со вибратор.

„Признавам, ова е вибратор, но јас го нарекувам масажер на лицето. Ги активира мускулите на лицето и ги охрабрува да работат. Јас не сум користела на друго место освен на лицето”, рече пејачката.

„Има мала топка тука што е совршено. Понекогаш го ставам и во замрзнувач. После тоа, го масирам лицето и вибрациите ги активираат мускулите“, објасни Тони.

„Ако Тони вели дека функционира, тогаш тоа е вистина. Само погледнете како изгледа таа“, „Ова е лудо. Таа воопшто не старее“, „Природна убавина“, „Ова беше навистина забавно за гледање“, „Благодарам за советите Тони“, се само некои од коментарите под објавата, во кои има повеќе од половина милион прегледи.

Патем, 52-годишната седумкратна добитничка на Греми често ги воодушевува фановите со својот младешки изглед, а објавува и фотографии без никаква шминка на лицето.

Слични содржини