Топ 3 предлози: Што се подарува кога сте на слава?

од Elena Daskalova
456 прегледи

Започна периодот на домашните слави, а со тоа и вечното прашање – што да им однесеме како подарок на домашните? Што е пристојно? Што може да биде премногу?

Првенствено, треба да знаете дека кога се прави слава во чест на светец, подарокот секако не е најважниот дел од чинот. Но, сигурни сме дека многупати не сакате да се појавите со празни раце, што е сосема разбирливо.

Ова се три предлози со кои ќе се „отсрамите“ на секоја слава на која сте поканети:

Ако ви е важно да оставите впечаток

Ако одите на слава кај бизнис соработник, кај родителите на новото момче, кај пријателите на партнерот или кај некои луѓе кои не ги познавате сосема добро, важно е да оставите добар впечаток. Во овој случај, ако го знаете вкусот на домаќините, одберете вино и букет цвеќе. За цвеќето, следете го бонтонот на боите: црвената означува внимание, белата почит, но жолтата може да биде протолкувана како завист или агресија.

Ако одите кај блиски пријатели

Во овој случај можете да бидете послободни, бидејќи веќе се познавате и одамна е поминато времето за оставање впечаток. Кај нив можете да отидете со слатко пакетче кое ќе го комбинирате самите, а можете да изберете вино, но и не е задолжително. Добро би било и да им купите ситни колачи од слаткарница, наместо спакувани бонбониери од супермаркет.

Спас во последен час

Ова применувајте го кога сте заборавиле дека сте поканети, кога немате многу време или пак, кога во последен момент ве поканиле. Во овој случај одете со провереното славско „пакетче“: кафе, нешто благо, вино и/или шолја за кафе. Одберете чоколадни бомбони и подарокот спакувајте го во украсна кеса, која можете да ја купите од истиот маркет од кој ги набавувате и другите производи.

Слични содржини