Кога станува збор за сексуалниот живот, тогаш различните митови и предрасуди многу често нанесуваат голема штета и намалување на нивото на взаемно задоволство на партнерите.

Британски експерти раскажуваат за најраспространетите грешки.

ex_sex_1b57h6r-1b57h7h

Само спонтаниот секс е добар

Овој тип на размислување е не само наивно, но и штетно, бидејќи поради него луѓето почнуваат да се сомневаат во одржливоста и среќните односи кои ги имаат. Кога живеете заедно со еден човек повеќе од 10 години е малку веројатно дека одеднаш ќе посакате да имате секс на скалите на пример. Но тоа воопшто не значи дека сексуалниот живот е здодевен и несреќен. Нема ништо лошо во планираниот секс.

Секој пат сексот треба да е запрепастувачки

Некои луѓе се перфекционисти во сексот и очекуваат секој пат за време на половиот акт да доживуваат вонземни чувства слични на оние кога го правеле за првпат. Треба да сме реални во однос на ова. На секои 10 сексуални изведби 4 ќе се горе-долу, 4 ќе се добри, едно ќе биде фантастично, а едно – целосен неуспех.

Сексот е добар само во младоста

Минатата година 69-годишната актерка Хелен Мирен вели дека сексуалниот нејзиниот живот е прекрасен во споредба со оној “параноидален и шуплив секс”, кој таа го праела на млади години. Нејзините зборови ги потврдуваат и други истражувања кои покажуваат дека во годините што се сметаат за врв за сексот, мажите и жените се премногу зафатени со децата и работата. А кога доаѓа почесната возраст, тогаш има и многу повеќе време за добивање на вистинско задоволство од сексот.

Луѓето кои имаат интимни односи, престануваат да гледаат порно

Сексолозите се соочуваат со големо количество писма и прашања од луѓе кои не разбираат зошто партнерката продолжуваат да гледаат порно и да мастурбира, откако имаат жив партнери. Но гледањето на “видео за возрасни” во никој случај не ги спречува неразградливите односи. Секој човек има два вида сексуални насладувања – првиот е со партнер, а вториот самозадоволување.

Мажите постојано сакаат секс

Во општеството е распространета гледиштето дека женсата желба е изменлива и тоа е поврзано со хормонални промени и менструацијата. А пак мажите постојано мислат на секс. Но и кај мажите и кај жените сексуалната желба се јавува во одредени периоди од денот, неделата и месеци. На таа желба влијаат различни фактори – од количеството спиење до количеството стрес во животот.

Сексот тоа е власт

Всушност сексот има однос кон власта и моќта. Но, тука станува збор за тоа да ја поделите својата власт, да си дадете можност да бидете ранливи, да ја покажете на партнерот не само својата силна, но и слабата страна. За време на сексот мажите и жените треба да бидат целосно искрени еден кон друг и неспорната доминација на едниот едвај ќе биде удобна за другата половина.

Ако не доживуваат оргазам за време на сексот, значи дека нешто не ви е во ред

Овој проблем почесто влијае на жените, иако со него да се соочуваат и мажите. Но не вреди да очекувате оргазам од секој полов акт, тоа е нереално. За многу партнери галењето и чувствата кои се разменуваат за време на секс, се сосема доволни да добиваат задоволство. Но ако никогаш не доживуваат оргазам, или тоа ви се случува крајно ретко, тогаш треба да разговарате со специјалист и да се види како може да се реши овој проблем.

Слични содржини