Топалов: Кога се разговара со Скопје, не треба да се заборави дека се дискутира со Белград и Москва

од Nikola Popovski
202 прегледи

Брисел мора да го следи секој чекор на Северна Македонија за да се увери во исправноста на бугарската држава. Бугарија прави се што е можно на РСМ да ѝ се отворат европските порти, но тамошното општество не сака, изјави за „bTV“ бугарскиот историчар Кирил Топалов по повод нападот на бугарскиот културен центар во Охрид.

„Кога се разговара со Скопје, не треба да се заборави дека се разговара со Белград, а од таму и со Москва. За жал, голем дел од општеството сака да има европски пасош за да патува низ Европа и слободно да работи, но не сака да направи ниту минимален чекор за да го заслужи“, додава Топалов.

Според него, тонот на ваквиот став го поставуваат највисоките нивоа на моќ.

„Бугарија не провоцира ништо, бидејќи Бугарија работи во рамките на законитоста“, вели историчарот.

Слични содржини