Топењето на мразот може да доведе до враќање на опасни болести од минатото

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Глобалното затоплување и придружното покачување на температурите може да доведе до голем број на негативни последици за планетата, вклучувајќи ја и “преродбата” на исчезнати одамна болести. Научниците кои работат на арктичкиот круг во последните неколку децении налетале таму на голем број вируси, кои еден ден би можеле да се вратат на земјата, ако вечниот мраз на земјината кора во териториите околу Северниот Пол почне да се загрева, пишува научното списание “Сајанс алерт” .

Во 2015 година истражувачи во Сибир пронајдоа т.н. Mollivirus sibericum – 30 000-годишен вирус, кој успеа да зарази амеби за време на лабораториски експеримент. Само една деценија порано научниците открија во руската тундра прв од ваков вид вирус кој содржи во себе 1200 гени и со должина двапати поголема од онаа на традиционалните вируси.

За споредба вирусот ХИВ има само девет гена. Неодамна истражувачи открија дека слични вируси би можеле да избегаат од своите “замрзнати затвори”, иако според авторот на в. “Њујорк тајмс” Карл Цимер тоа за сега е малку веројатно, бидејќи тие не “ѕиркаа” од земјата, туку се “одмрзнаа” во лаборатории. Откриените древни вируси се разликуваат во неколку нешта од другите страни на земјата во моментов. На прво место тие се значително поголеми, во некои случаи и до 30 пати. Тие располагаат и со повеќе гени.

Mollivirus sibericum располага само со 500 гени кои даваат инструкции за произведување на протеини. Вирусите не се сметаат за живи суштества, но некои од овие гигантски нивни претходници поседуваат квалитети слични на оние на функционален метаболизам.