Топли временски услови во Македонија

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Утринската температура ќе се движи од два до девет степени, а дневна од 16 до 26 степени.  Во Скопје слично време, со темепратура до 24 степени.

Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат дваесет степени.

В среда температурите ќе се движат од 19 до 25 степени, в четврток од 20 до 27, а в петок од 21 до 28 степени. За викендот температурите ќе бидат од 19 до 27, т.е. од 18 до 24 степени.