Топлиот бран во Македонија достигнува врв: температури до 30 степени

од Љубиша Владимиров
39 прегледи

Македонија денес (петок, 14 март) и утре (сабота, 15 март) ќе го достигне максимумот од невообичаено топлиот бран кој ја зафати земјата за овој период од годината.

Времето ќе биде стабилно, претежно сончево, но и многу ветровито. Очекувајте засилен, повремено силен ветер од јужен и југозападен правец, со налети кои локално можат да достигнат брзина од околу 80 км/час.

Температурите на воздухот ќе бидат значително високи – насекаде ќе надминат 20°C, додека на многу локации ќе се искачат до 25°C, па дури и над оваа граница. Во Повардарието, особено во сабота (15 март), температурите ќе достигнат дури до 30°C, што е исклучително високо за средината на март.

Овој топлотен бран е еден од најинтензивните регистрирани во овој период од годината и е показател за сè поекстремните климатски промени.

Слични содржини