214
Состојки:
– 150 гр чоколадо со 60 проценти какао
– 200 мл млеко
– 200 мл слатка павлака
– една лажичка кафеав шеќер
– прстофат сол
– цимет
Подготовка:
Чоколадото исечкајте го на што помали парчиња. Измешајте млеко и павлака и истурете во тавче. Ставете го да се готви на умерена до висока температура.
Штом смесата ќе зоврие, прелијте ја со сечканата чоколада и мешајте додека не стане густа и кремаста.
На крај додадете малку сол, која ќе го подобри вкусот на чоколадото, и цимет.