Топло чоколадо со малини

од Stefanija Kuzmanovska
219 прегледи

Состојки:

(за 2 лица)

– 400 мл млеко

– 100 мл слатка павлака

– 200 гр бело чоколадо

– лажичка кокосово масло

– 3 лажици замрзнати малини

– ванилин шеќер

Подготовка:

Измешајте ги млекото и слатката павлака, па ставете ги во длабок сад да се загреат.

Чоколадото искршете го на ситни парчиња, па додадете го во смесата од млекото и слатката павлака, па загрејте малку мешајќи да се растопи чоколадото.

Додадете ванилин шеќер и една лажичка кокосово масло.

Овошјето ставете го во блендер, а кога ќе добиете компактна смеса, процедете го во цедалка.

Кога чоколадото ќе се растопи, додадете го овошното пире и убаво измешајте.

Декорирајте по желба и послужете топло.

Слични содржини