Топлотен бран ги „ПРЖИ“ Сибир и Централна Азија: Вакво нешто не е забележано во ИСТОРИЈАТА!

од Stefanija Kuzmanovska
502 прегледи

Во Сибир паднаа десетици топлински рекорди. Температурите се искачуваат над 37,7 степени Целзиусови и покрај тоа што е само почеток на јуни.

Минатата сабота температурите достигнаа 37,9 степени Целзиусови во Јалтуровск, што беше најтоплиот ден во историјата, според климатологот Максимилијан Херера, кој ги следи екстремните температури ширум светот, пренесе CNN.

Оттогаш, во Сибир паднаа голем број температурни рекорди. Во градот Баево температурата достигна 39,6 степени Целзиусови, додека во Барнаул беше нешто пониска и изнесуваше 38,5 степени Целзиусови.

Тоа е „најлошиот топлотен бран во историјата“ во регионот, напиша Херера на Твитер.

И изгледа дека само ќе се влоши. „Денес рекордите продолжуваат да паѓаат со температури околу 40 Целзиусови степени“, изјави Херера за Си-Ен-Ен.

Сибир има тенденција да има големи месечни и годишни температурни флуктуации, но во последните неколку децении е видлив силен тренд на затоплување.

„Сибир е една од областите со најбрзо затоплување на планетата со екстремни жештини кои се зголемуваат“, изјави за CNN Омар Бадур, раководител на Службите за следење на климата и политика на Светската метеоролошка организација.

„Овие топлотни бранови имаат огромни импликации за луѓето и природата и ќе продолжат да се случуваат почесто ако не ги намалиме брзо емисиите на стакленички гасови“, рече Саманта Бургес, заменик-директор на службата за климатски промени Коперник на Европската унија.

Како што започнува сезоната на шумски пожари на северната хемисфера, Сибир – заедно со Канада – исто така се бори со значајни и интензивни шумски пожари. Во мај, во пожар што беснееше на рускиот Урал загинаа најмалку 21 лице.

Рекордна жештина е забележана не само во Сибир оваа недела. Топлотниот бран ја зафати и Централна Азија. На почетокот на април, Туркменистан забележа температура од 42 Целзиусови степени, што беше „светски рекорд за таа географска ширина“, рече Херера. Оттогаш горештините не престануваат.

Во средата температури над 45 степени Целзиусови беа забележани во Кина, 43 Целзиусови степени во Узбекистан и 41 Целзиусови степени во Казахстан.

Тоа е „историски топлотен бран, кој ја препишува светската климатска историја“, напиша Херера на Твитер.

Слични содржини