Индија ја зафати топлотен бран, а во Њу Делхи е забележана температура од 49 Целзиусови степени.
Интензивни топлотни бранови ги погодија северните делови на Индија, а температурата достигна рекордни 49,2 степени Целзиусови во делови од главниот град Њу Делхи.
Метеоролошките извештаи покажуваат дека ова е петти топлотен бран во главниот град на Индија ова лето, јавува Би-Би-Си.
Официјални лица во многу делови од земјата побараа од луѓето да преземат мерки на претпазливост и предупредија дека жештината може да се смета за ризик по здравјето за ранливите категории на луѓе, вклучувајќи новороденчиња, постари лица и луѓе со хронични болести.
Државите Химачал Прадеш, Харајана, Утараканд, Пенџаб и Бихар се особено погодени од високи температури во последните неколку дена, соопшти индискиот метеоролошки оддел.