Торнадо опустоши низ Италија, „летале“ автомобили (ВИДЕО)

од Берта Китинска
403 прегледи

Најмалку две лица загинаа, а деветмина се повредени откако торнадо го погоди италијанскиот остров Пантелерија, помеѓу сицилијанскиот и тунискиот брег.

Како што јавуваат италијанските медиуми, меѓу загинатите има пожарникар кој не бил на должност и 86-годишен маж. Двајцата биле во своите автомобили кога торнадото го зафатил крајбрежниот пат.

Четири лица од повредените се во критична состојба. Некои ќе бидат пренесени во сицилијанскиот град Палермо.