НБА: Toронто му ја симна круната на Голден Стејт (видео)

од Vladimir Zorba

Кошаркарите на Торонто станаа шампиони во НБА лигата за првпат, откако ноќеска во гости во Оукленд, го совладаа Голден стејт со 114: 110 и славеа со вкупно 4:2 во финалната серија.

По брејкот во Оукленд, Торонто ја симнаа круната на Голден стејт и тоа како први што три пати славеа на терен на поранешниот шампион.

Вориорсите не успеаја да се изборат со бројните повреди.

Томпсон (Голден стејт) со 30 поени беше најефикасен на натпреварот, Андре Игудала со 22, а кај репторси – Кајл Лори и Паскал Сиакам со по 26 поени.

Првата ѕвезда на Торонто, Каваи Ленард, со 22 поени, беше прогласен за МВП на финалето по вторпат во кариерата по 2014 година кога играше во дресот на Сан Антонио.

 

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=X4USsy7RWN8

Слични содржини