Торта од банана која се прави за 10 минути, ништо не се пече, а повкусна е од секој сладолед

од Aleksandar Petrovski
755 прегледи

Тортата од од банана е можеби наједноставното благо што ќе го направите и за што ви требаат само 10 минути.

Бидејќи ништо не се пече, тортата е подготвена за само неколку минути и сè што треба да направите е да почекате да се олади и да уживате во неа.

Состојки:

– 1 пакување пишкоти
– 500 мл млеко
– 4 банани
– 2 ќесиња шлаг
– цимет

Подготовка:

Наредете ги пишкотите во садот за печење и истурете врело млеко над нив. Чекајте да впијат.

Бананите исецкајте ги во прстени и покријте ги преку пишкотите.

Заматете го шлагот со ладна вода и покријте ги бананите.

Посипете со цимет.

Ставете го во фрижидер да се олади неколку часа.

Слични содржини