Тортиљи со маринирано пилешко за лесен летен ручек

од Vladimir Zorba
265 прегледи

Оваа количина на состојки е идеална за две лица, а времето за подготовка е само 25 минути.

Состојки:

* 250 грама пилешки гради
* 2 поголеми или 4 помали тортиљи
* 50 гр гауда кашкавал
* Валеријана
* 200 гр чери домати
* мала конзерва пченка
* копар
* грчки јогурт
* сок од лимон
* маслиново масло
* лук во прав
* мелен црвен пипер
* босилек
* оригано
* куркума
* сол
* бибер

Подготовка:

Пилешкото исечкајте го на ленти, зачинете со куркума, црвен пипер, оригано, сол и бибер и додадете малку маслиново масло и малку вода.

Оставете го малку да се маринира. Се ставаат во плех, на хартија за печење и се пече околу 20 минути.

Направете го сосот од грчки јогурт, копар, маслиново масло и малку сок од лимон, сол и лук во прав. Додадете малку вода за да се разреди.

Ставете го месото во тортиљата, додајте ја пченката, ренданата гауда, валеријаната и исечканите чери домати, прелијте го со сосот, завиткајте и послужете.

На здравје!

Слични содржини