Тошковски: Набавивме нова машина за печатење на лични документи, гужвите се минато

од Milan1
66 прегледи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес беше во одделението за персонализација во МВР каде беше промовирана новата машина за печатење на лични документи.

„Денес ја пуштаме во употреба новата машина за печатење на лични документи која ја набави министерството за внатрешни работи и која тројно ќе го зголеми капацитетот и ќе го забрза издавањето на издавање на документи. Машината ги печати сите видови картични документи кои ги издава министерството за внатрешни работи како лични карти, возачки дозволи, картички за привремен претстој… Тоа во превод значи нема повеќе гужви какви што гледавме, нема повеќе нарушување на достоинството на граѓаните туку брзо и навремено издавање документи за секој граѓанин. Целосно сме посветени на креирање на брзи и квалитетни услуги за граѓаните преку унапредување и дигитализација на процесите и услугите. Граѓаните заслужуваат да добиваат брзи и ефикасни услуги од своите институции“, изјави министерот Тошковски.

Слични содржини