За разлика од другите фабрики на Тесла, фабриката во Берлин не е привлечна за работниците.
Германските погони на Тесла се во големи проблеми, а причината, верувале или не, е недостатокот на работна сила. Европската гигафабрика требаше да вработи дури 12.000 работници, а моментално таму работат само 7.000. Поради тоа не може да се постигне оптимален интензитет на производство, а во иднина може да биде уште полошо.
Неименуван извор за Wired изјави дека фабриката е „тотален хаос“ и дека некои работници се на боледување подолго отколку што работеле, односно работеле само неколку недели во последните шест месеци.
А епилогот се лоши производствени резултати, односно ниска продуктивност, наведува „Index“. Планот на Тесла беше да произведува 5.000 примероци од Model Y неделно до крајот на оваа година, а моментално не можат да постигнат ниту половина од планираното количество – во октомври произведоа со интензитет од 2.000 примероци.
Така, германските погони значително потфрлија во споредба со другите гигафабрики. Гига Шангај достигна 20.000 примероци за 100 дена, Гига Тексас за 151 ден, а Гига Берлин само по 187 дена. За потсетување, Гига Берлин со работа започна во март годинава.
Зошто Тесла не е привлечен за работниците?
Одговорот е многу едноставен. Германската автомобилска индустрија е една од најсилните во светот, но и најпрофитабилната, па работниците имаат одлични услови. Очигледно не и во Тесла, бидејќи германскиот синдикат на металопреработувачи ИГ Метал тврди дека платите во Тесла се за 20 отсто помали. Исто така, во овој германски регион невработеноста е многу ниска.
„Има недостиг од квалификувани работници насекаде“, изјави за Wired Холгер Бонин, директор на истражување на Институтот за економија на трудот во Бон. „Сите што би можеле да се вработат веќе се вработени. Ова го отежнува пополнувањето на работните места“.
Дополнително, работниците кои се вработуваат не остануваат долго во Тесла. Поранешните вработени го истакнуваат недостатокот на искуство на менаџерскиот тим и ненадејните промени во работните модели како главни пречки, особено за работниците со деца. Тие велат дека немаат емпатија кон Тесла. Затоа многу работници ја продолжуваат својата кариера на друго место.