Тотенхем договори младински репрезентативец на Италија

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Тотенхем јa продолжи својата голема селекција ова лето, а во овој случај го договори потписот на 19-годишниот лев бек Дестини Удоџи од Удинезе.

Според Фабрицио Романо, „мамузите“ за талентираниот играч ќе платат повеќе од 20 милиони евра.

Сепак, младиот дефанзивец нема да се приклучи на тимот на Антонио Конте до следното лето, бидејќи ќе остане уште една година со „фриулите“ на позајмица за да стекне поголемо искуство.

Удоџи беше едно од откритијата за минатата сезона во Серија А, забележа 35 првенствени настапи со 5 гола и 3 асистенции, привлекувајќи го интересот не само на Тотенхем, туку и на локалните гиганти Интер и Јувентус.

Има и 4 натпревари со младинската репрезентација на Италија.