Тотенхем тоне, но не и Мурињо: „Никој во светот нема подобри тренерски методи“

од Stefanija Kuzmanovska

Тотенхем загуби уште еден натпревар, овој пат во директен дуел против Вест Хем во борбата за пласман во Лигата на шампионите.

„Чеканите“ го прославија триумфот со резултат 2: 1 и сега имаат девет бода повеќе на четвртата позиција од „пејачите“.

Меѓутоа, менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо не губи надеж и посочува дека не се сомнева ни најмалку во своите методи.

„Воопшто не. Нула. Понекогаш резултатите се последица на повеќе ситуации. А никој во светот нема подобри тренерски методи“, луто рече Мурињо.

Тотенхем загуби пет од последните шест натпревари во Премиер лигата.

„Математички е можно, а кога е математички можно, тогаш сè уште е реално. Многу тешко, да, но математички можно. Тимот има проблеми, но верувам дека треба да имате вистинско светло, што ви овозможува да победите. А, кога таа светлина ќе се врати, тоа значи дека кога ќе ја шутирате топката, таа влегува во внатрешниот дел од мрежата, а не во надворешниот и тогаш ќе ја освоиме серијата“, изјави Мурињо.

„Ситуацијата може да се смени и сè уште можеме да стигнеме до едно од првите четири места. Заостануваме девет бода, но тоа е многу остварливо во фудбалот. И во Лигата на Европа сè уште сме живи и имаме шанси. Можеби можеме до Лигата на шампионите на тој начин“, заклучи тој.

loading...

Слични содржини