Тоти го носи Дибала во Рома?

од Vladimir Zorba

Легендата на Рома, Франческо Тоти си поставил амбициозна задача да го убеди Пауло Дибала да потпише со „Волците“, откри самиот тој за „Sky Italia“.

„Во понеделник ќе имам состанок со Пауло. Ние двајца ќе играме заедно на хуманитарен натпревар во Милано, организиран од Самуел Ето. Ќе разговараме и ќе се обидам да го убедам да дојде во Рома. Ќе видиме дали ќе успеам“, изјави Тоти.

Дибала веќе се збогува со навивачите на Јувентус по мечот со Лацио (2:2).

Аргентинскиот репрезентативец по завршувањето на сезоната ќе стане слободен играч, а кандидати за неговиот потпис не недостасуваат.

Се верува дека Интер има најголеми шанси да го привлече 28-годишниот напаѓач. За него се заинтересирани и Тотенхем и Атлетико Мадрид.

Слични содржини