Товарен брод под знамето на Панама, кој се упатил кон пристаниште на Дунав за да товари жито, налетал на мина во Црното Море, соопшти украинската армија, додавајќи дека во инцидентот две лица се повредени.
Тоа беше последниот инцидент на цивилен брод кој погоди експлозивна направа во Црното Море, во, како што вели Киев, засилените руски напади врз бродови и пристанишна инфраструктура.
„Цивилен брод под знамето на Панама налета на непријателска морска мина во Црното Море. Бродот го загуби курсот и контролата, а на горната палуба избувна пожар“, објави јужната воена команда на Украина на Телеграм.
Две лица се повредени
Едното лице е хоспитализирано, а другото добило лекарска помош на бродот, додаваат од армијата.
Москва ги засили нападите врз украинската пристанишна инфраструктура од средината на јули, кога се откажа од договорот постигнат со посредство на ОН кој овозможи безбеден премин на украинските пратки со жито преку Црното Море.
Оттогаш Киев воспостави алтернативна рута што го вклучува западниот брег на Црното Море. Како што беше кажано, руските сили во повеќе наврати фрлаа експлозивни направи во негова близина.