Toyota FT-Se Concept и Toyota FT-3e Concept

од Vladimir Zorba
358 прегледи

Toyota подготви уште две концептни возила кои ќе имаат премиера на крајот на овој месец на Mobility Fair во Токио.

Првиот е концептот FT-Se, најавен како спортски електричен модел со високи перформанси, односно една од опциите за спортски автомобили во ерата на јаглеродна неутралност.

Во него е применето искуството стекнато во напорите на Toyota Gazoo Racing да прави се подобри автомобили преку мото спортот.

Прочитајте повеќе:

FT-Se ги дели клучните компоненти со концептот FT-3e и тоа е автомобил кој продолжува да се развива со возачот преку ажурирања на софтверот.

Во однос на дизајнот, FT-Se Concept се издвојува по спортските пропорции и елегантната силуета со низок воздушен отпор.

Кокпитот од новата генерација нуди интуитивни контроли и поизвонредно возачко искуство. Нискиот профил на таблата со инструменти обезбедува висока видливост.

Тука е и Toyota FT-3e Concept, електричен модел од следната генерација кој ќе го збогати секојдневниот живот на клиентите со нови возачки искуства и персонализирани услуги базирани на иновативни технологии.

Исто така, придонесува за постигнување јаглеродна неутралност и создавање подобар свет преку поврзување со општеството како средство за пренос на енергија и податоци од возилото и неговата околина.

Неговиот дизајн комбинира напреден стил и естетика, додека линиите и површините што го сочинуваат телото ги одржува што е можно поедноставни.

Дигиталните дисплеи обезбедуваат информации вклучително полнење на батеријата, температурата на возилото и квалитетот на внатрешниот воздух додека возачот се приближува до автомобилот.