Toyota и Subaru работат на уште едно електрично возило

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Toyota и Subaru работат на уште еден заеднички развиен модел без мотор со внатрешно согорување.

„Никеи Азија“ објави дека двата јапонски производители на автомобили ќе лансираат втор модел со нулта емисија и дека тој ќе биде SUV. Производството наводно ќе започне во јануари 2026 година.

Додека bZ4X и Solterra ги произведува Toyota во фабриката во Аичи, новиот неименуван модел се очекува да излезе од производната лента во Јаџима на Subaru. Новиот EV нема да се развива од нула бидејќи ќе позајмува делови од електрични теренци кои се веќе во продажба. Ова ќе го забрза развојот и ќе ги намали трошоците. Целта е да се прават помеѓу 15.000 и 20.000 единици месечно.

Новото EV дуо, наводно, ќе биде насочено кон Северна Америка, Европа и Јапонија, но би можело да се продава и на други пазари. Не е јасно дали овие два модели ќе бидат поевтини од bZ4X и Solterra.

Претходно оваа година, Toyota и Subaru објавија дека работат на три дополнителни ЕV надвор од bZ4X/Solterra. Слично на новиот модел кој доаѓа во 2026 година, другите два ќе бидат кросовери. Доколку производството на новиот EV навистина започне во јануари 2026 година, официјалната премиера би требало да се случи во втората половина на следната година.

Слични содржини