Toyota ја зголеми инвестицијата во електрични летечки такси за 500 милиони долари

од Vladimir Zorba
37 прегледи

Toyota инвестира уште 500 милиони долари во компанијата „Joby Aviation“ во партнерство со цел да започне комерцијално работење на американската компанија за воздухопловни такси.

Инвестицијата на Toyota ќе биде искористена за поддршка на сертификација и производство на авион сличен на хеликоптер за такси услуги, објавија денеска двете компании, пренесе агенцијата АП.

Вкупната инвестиција на Toyota во неа изнесува 894 милиони долари, што значи дека Toyota ќе поседува 22 отсто од акциите на компанијата во која инвестира.

Денешната инвестиција се надоврзува на речиси седумгодишната соработка меѓу двете компании, рече Џо Бен Бевирт, основач и извршен директор на компанијата.

„Знаењето и поддршката на Toyota беа клучни за нашиот успех… додека ја реализираме нашата заедничка визија за иднината на воздушниот сообраќај“, додаде тој.

Од Joby Aviation велат дека неодамна го изградиле своето трето летало и е во процес на издавање на четвртиот од петте сертификати.

Минатата година двете компании потпишаа долгорочен договор според кој Toyota ги испорачува моторите и другите компоненти на новото воздушно такси.

На интернет беше објавено дека аеротаксито за комерцијални цели Joby има место за четворица патници и пилот. Со едно полнење на батеријата може да помине до 240 километри со максимална брзина од 320 километри на час, а максималната носивост е 453 килограми.

Тој е дизајниран за вертикално полетување и слетување како хеликоптер и премин на хоризонтален лет како авион.

Речиси целосно тивко при лет, тој е 100 пати потивок од хеликоптер за време на полетување и слетување.

Joby планира масовно производство и давање транспортни услуги по барање на клиентите.

Слични содржини