Toyota планира нов MR2?

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Приказната за наследникот на Toyota MR2 е стара колку и периодот што измина од пензионирањето на последната верзија. Сега, откако GT86 се појави на сцената заедно со Supra, а GR Corolla претстави моќен мотор, следниот логичен чекор е новиот MR2, спортски модел со мотор поставен на средина.

Според „Index“, во овој случај тоа би бил одличен трицилиндричен мотор кој би обезбедил врвни перформанси. Паралелно, приказната оди во насока дека Toyota работи на помала верзија на моторот, 1.0 бензински мотор, кој би придвижувал уште помал спортски модел, исто така со централно поставен мотор.

Јапонскиот Best Car дознава дека моделот дефинитивно ќе добие сериска верзија и дека ќе се нуди исклучиво во комбинација со бензински мотор. Значи, овде струјата нема премин, ниту во форма на хибрид.

Да потсетиме, 1.6 трицилиндарецот на Toyota произведува над 300 КС и 370 Nm, што е можеби вистинската мерка не само за Corolla туку и за MR2.

Слични содржини