За четвртина век, Prius на Toyota помина долг пат од пионер на хибридна технологија до спортски мејнстрим модел.
И како таков, сега, во новото и естетски најатрактивно издание, навистина му недостига „пожешка“ верзија која би поиграла и на емоциите со перформансите. Така е, идните возачи на Prius не треба да имаат само емоционално задоволство во ниските трошоци за сопственост, туку и во возните карактеристики.
За да работи на тоа, компнијата го покажа и концептот 24h Le Mans Centennial GR Edition, кој според новите извештаи станува реалност. Како што дознава Best Car, основата ќе биде plug-in хибридна верзија која веќе произведува 220 КС во стандардната конфигурација.
Toyota веќе има посилен погон, од над 300 КС, што е во плагин-хибридниот модел RAV4, кој користи поголем бензински мотор од 2,5. Сепак, овде би оделе на тјунинг на моторот 2.0, а за додатокот GRMN на името, Toyota би требало да понуди значаен исчекор, според „Index“.
Сето ова е сосема неочекувано бидејќи се очекуваше дека Toyota прво ќе оди со верзиите кои повеќе го користат името Gazoo Racing во однос на шминката. На тој начин, Prius Gazoo Racing Masters од Нирбургринг, покрај посилното возење, ќе има и модифицирана и придружна механика, вклучувајќи суспензија и сопирачки. Некои го споменуваат и воведување на верзија AWD.