Светски познатата пејачка Ријана и нејзиното момче АСАП Роки добија син пред шест месеци.
Популарната двојка не ѝ откри на јавноста какво име му дадоа на својот наследник, но пејачката сега за прв пат јавно проговори за момчето.
„Тој е многу смешен. Среќно бебе е… и дебело“, раскажа таа неодамна низ смеа во интервју за „Пипл“, а потоа продолжи:
„Сега сме во фаза кога само се гушкаме и галиме, немам на што да се жалам. Прекрасен е“, истакна пејачката.
Ријана активно планира кога ќе се спакува и ќе отпатува на Барбадос со нејзиниот син, за тој да се сретне со остатокот од семејството.
Таа откри во што најмногу ужива кога станува збор за нејзиниот наследник.
„Да се биде мајка е лудило. Нон стоп сум инспирирана, расположена. Но, неговата насмевка… Тоа ми е сè на светот. Кога ќе ми се насмее, сите грижи исчезнуваат“, истакнува таа.