Познатата актерка Кетрин Зета-Џонс веќе подолго време е во хармоничен брак со својот колега Мајкл Даглас, кој е 25 години постар од неа.
Иако често се зборуваше за проблеми во нивниот однос, актерката сега во емисијата на Кели Кларксон откри како му приредила изненадување на својот сопруг за неодамнешниот Ден на благодарноста.
Имено, тој снимал нов филм во Франција, а Кетрин одлучила дека нема да го помине празникот без него и се договорила со синот Дилан и ќерката Керис да отпатуваат кај него, но да не го информираат за тоа.
„Тој немаше поим. Керис долета од источниот брег, а јас фатив авион со мојот син во Лос Анџелес. Се најдовме во Франција, во близина на неговиот сет. Влеговме во хотелот тајно, под превезот на ноќта. Тој се врати од работа, влезе во неговиот апартман каде го чекавме. Викавме: ‘Еве нè!’. Беше толку изненаден што се плашев дека ќе добие срцев удар. Тој се прибра и рече: ‘О, Боже мој’. А потоа заплака. Тоа беше еден од оние големи, прекрасни семејни моменти“, изјави Кетрин.