Традиционалната парада на капи со насмеани лица под нив ја зафати централна њујоршката улица, пренесуваат светските медиуми.
Велигденската Парада на капи ја затвори Петтата авенија. Поради празничниот настан најскапата улица беше затворена за автомобили, но пак беше полна со луѓе дојдени да ги забавуваат другите и себе. Парадата на капи е традиција веќе сто години, кога по црковната служба Њујорчани излегувале да прошетаат во нови алишта, а жените биле задолжително со елегантни и убави капи.
Денес луѓето се собираат на Петтата авенија и најмногу пред катедралата “Св. Патрик”, за да покажат оригинални капи, кои се вистински уметнички дела.
Тие си ги прават сами, а декорациите се задолжително со цвеќиња и велигденски мотиви. Екстравагантните модели достигнуваат до половина метар висина, има и вистински животинчета. Поради парадата по Велигден во Њујорк доаѓаат и многу туристи кои уживаат и на декорација со огромни јајца и вртливиот зајак од цвеќиња пред “Рокфелер центар”.