426
Нуркачите од Охрид, по повод Стара Нова година, по Јулијанскиот календар, вчера на дното од Охридското езеро традиционално запалија василичарски оган.
Снимката од подводниот празничен ган, на која двајца нуркачи „пржат“ колбаси беше објавен на Фејсбук страницата Нуркачки центар „Амфора“.
„Традиционално и оваа година беше запален василичарски оган во водите на Охридското езеро. На православните верници им ја честитаме Стара Нова година и Василица“, порачаа охридските нуркачи.