(Видео) Траект потона во Ирак, најмалку 83 загинати

од desk2
94 прегледи

Најмалку 83 луѓе загинаа кога траект потона во реката Тигар во Ирак, во близина на Мосул. Со него патувале повеќе од 100 патници, главно жени и деца, од кои повеќето не знаеле да пливаат.

Траектот патувал кон туристички остров во близина, за прославата на курдската нова година.

Спасувачки тимови трагаат по преживеани, адо сега од водата извлекле 55 лица, од кои 19 деца. Наредена е истрага, а властите наводно ги предупредиле жителите да внимаваат на зголемено ниво на водата, поради отворањето на портите на браната.

https://twitter.com/yoo_qz/status/1108734404338294789