Трагедија во Бразил: Автобус со фудбалери падна од мост, има загинати (ФОТО)

од Nikola Popovski

Фудбалскиот клуб Вила Марија Хелена од Бразил доживеа страшна трагедија кога автобусот со нивните играчи излетал од мост, пишува Глобо.

Бразилските медиуми јавуваат дека досега четири лица загинаа, а 29 се повредени во несреќата што се случила во понеделникот на патот БР-116 и мостот на реката Анг во Алем Параиба.

Автобусот превезувал млади фудбалери до Дуке де Касилјас. Тројца малолетници и еден возрасен загинале откако возачот изгубил контрола над возилото.

Телата се уште не се идентификувани, но е познато дека во автобусот се наоѓале возачот, членови на стручниот штаб и 28 фудбалери на возраст од 14 до 17 години.

Клубот се враќал од Убапоранж од турнир на кој бил шампион во категоријата до 18 години.

Истиот клуб бил финалист и на турнирот до 16 години, а организаторот Хозе Хералдо Касијано вели дека ова е прв пат клубот да учествува.

Мостот од кој автобусот паднал на покривот е висок десетина метри. Пораки за поддршка на семејствата на жртвите и клубот пристигнаа од познатите клубови Ботафого и Васко де Гама.

Слични содржини