Вчера околу 18 часот дошло до експлозија во месноста Обровац во која загинало дете. Две жени со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Општата болница во Задар за понатамошна лекарска помош.
ХРТ објави дека во болницата биле примени две жени биле примени на одделот за офталмологија и хирургија.
За експлозијата утрово се огласи и полицијата.
„Според досега спроведената криминалистичка истрага, постои сомневање дека експлозијата настанала поради активирање на засега непозната експлозивна направа која претходно била лоцирана во автомобил со чешки регистарски таблички сопственост на државјанин на Чешка, кој запрел поради дефект во одморалиште покрај жупанискиот пат ŽC-6025, во областа Билишане. Се утврдуваат околностите како експлозивната направа се нашла во возилото.
Од експлозијата на местото на настанот починало едно дете (2015 година), додека две жени на возраст од 49 и 34 години и еден маж на возраст од 39 години, сите државјани на Чешка, се пренесени во Општата болница Задар заради укажување на помош. Двете жени се задржани на понатамошно лекување, додека мажот по укажаната помош е отпуштен на домашна нега. Од експлозијата мала штета претрпел автомобилот со чешки регистарски таблички. Истрагата е водена под надзор на заменикот на Жупаниското државно обвинителство во Задар, кој наредил обдукција на телото на починатото дете“, соопштија од полицијата.