Легендарниот кошаркар Коби Брајант починал во хеликоптерска несреќа, пренесува Њујорк пост.

Според извештаите на медиумите, Брајант бил еден од најмалку четворица патници.

Трагичниот инцидент се случил над Калабасас кога машината се запалила и се урнала во земја.

TMZ Sport пренесува дека немало преживеани, a сопругата на 41-годишниот Брајант – Ванеса, не била со него.

Брајант е едно од најголемите имиња во светската кошарка. Со тимот на Лос Анџелес Лејкерс, каде ја помина целата своја 20-годишна кариера, тој освои 5 титули и учествуваше на 18 „Ол-Стар“ натпревари.

Официјално се откажа од кошарката во 2016 година.

Слични содржини