Трагедија на македонските автопати: Еден загинат и тројца повредени

од Nikola Popovski
543 прегледи

Едно лице го загуби животот, други тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска на автопатот Неготино – Демир Капија, кога автомобил со германска регистрација излетал од патот.

Од Брза помош при Здравствен дом Неготино потврдиле дека едно лице загинало, едно повредено лице е пренесено во болница во Велес, а други две во кавадаречката болница каде биле подложени на испитувања.

Портпаролот во СВР Велес, Ристо Самарџиев, ги потврди информациите за сообраќајката за МИА и најави повеќе детали во текот на денот.

Слични содржини